Голем пожар кај вливот на Бабуна, во близина на велешката компанија Агриа беснее во моментов. Засега нема официјални информации која е причина за избувнувањето пожарот.
Очевидци за Батали.нет велат дека пожарот се шири, а дополнителен проблем претставува и ветерот кој ноќва дува.
Во моментов екипи на противпожарната единица се обидуваат пожарот да го стават под контрола.
Повеќе информации во текот на утрешниот ден.
Можеби ќе ве интересира: