понеделник, 20 септември, 2021
Реклама

Отворена нова градинка во Неготино

Nova gradinka Negotino

По цели 39 години, нова детска градинка „Темјанушка” беше отворена денеска во Неготино. Во неа ќе се згрижуваат и воспитуваат 169 деца. Премиерот Зоран Заев заедно со малиот Љупче на симболичен начин ја отклучија влезната врата на градинката.

Новата градинка во Неготино е изградена согласно највисоките стандарди за енергетска ефикасност, а градинката ќе користи и обновливи извори на енергија преку системот на сончеви колектори. Според новите просторни услови на градинката се обезбедува и реализација на концептот – учење преку игра.

Agria

Изградбата на новата градинка е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Целта на активностите од втората компонентата на Проектот е да го зголеми пристапот до социјалните услуги за ран детски развој со посебен акцент на децата во социјален ризик, децата со посебни потреби и децата од ромски семејства.

Можеби ќе ве интересира: