Возило марка Форд излета од патот и за малку не заврши врз железничката пруга денеска попладне, во близина на велешкиот базен.
Откако излетало од патот, возилото се заглавило во каналот кој се наоѓа помеѓу коловозот и пругата.
Во незгодата, со полесни повреди се здобил совозачот, а неговата сопруга, која го управувала возилото, поминала без повреди. Полицијата врши увид, по што ќе бидат познати причините за излетувањето.