Добитничка на овогодинешното Рациново признание, според одлуката на жири комисијата е Фросина Пармаковска за романот „Се уште можам нешто да сторам“, а почесното Рациново признание годинава се доделува на Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, за афирмација на македонскиот јазик и култура надвор од границите на земјата.
Текстот продолжува под рекламата
Шеесет и првото издание на Рациновите средби годинава се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија“.
Текстот продолжува под рекламата
Одбележувањето на Рациновите средби е во организација на ЗГ Плус Публика, во соработка со повеќе организации и поединци. Велес и Македонија ќе го чествуваат Рацин со бројни активности кои ќе траат до 20 јуни.
Можеби ќе ве интересира: