Вчера во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, , авторот Ѓорѓи Мешков од Кавадарци ги промовираше своите три дела пред велешката публика. Станува збор за книгата раскази „Беше еднаш во Ваташа“, романот „Отуѓување“ и Два аманета“.
Текстот продолжува под рекламата
Во книгата раскази „Беше еднаш во Ваташа“, авторот ги отсликува своите ваташани во едно време од неговото незаборавно детство. Незаборавот за дванаесетте млади херои и за нивната маченичка смрт, го зазема почесното место во ова дело.
Текстот продолжува под рекламата
Романот „Отуѓување“, е напишан според вистинска приказна, која ја пренесува потресната животна битка на кавадарчанецот Бранко Брковиќ, кој шест години се бори со центрите за социјални работи за да си го гледа синот, но не успева во тоа, поради што детето постепено се отуѓило од него. „Два аманета“ е посветена на неговата покојна сестра д-р Катерина Маневска.
Можеби ќе ве интересира: