Игор Здравковски до заменик министерот за образование: Следниот пат ќе ја бациш вратата на било кое училиште!

Igor Zdravkovski 08.06.2020
Igor Zdravkovski 08.06.2020

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, велешанецот Игор Здравковски на својот фејсбук профил објави дека заменик министерот за образование Агим Нухиу вчера дрско и без никаква најава упаднал во велешката гимназијата „Кочо Рацин“.

Zito akcija 640x289px

Здравковски тврди дека Нухиу бил придружуван од повеќе лица криминалци, обвинети за разни кривични дела, родители на ученици и раководни лица на ДУИ.

Agria

Во продолжение, го пренесуваме целиот статус на Здравковски:

„Агиме слушај ваму…

Нареден пат или ќе дојдеш како што треба и како што личи и ќе дојдеш со цел унапредување на образовниот процес за СИТЕ ученици или воопшто не иди! Нареден пат или ќе почитуваш протоколи кои важат за сите или ќе ја бациш вратата на било кое училиште! Во образовна институција освен инспектор друг никој не смее да влегува ненајавен како шериф во друштво на лица кои немаат никаква врска со образовен процес“, пушува Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Здравковски во своето обраќање пред јавноста како што вели изнесе еден непознат факт за криминалот, шовинизмот и дискриминацијата на овие ликови од Министерството за образование и наука.

„Имено, пред две недели (со задоцнување од 45 дена) се основа паралелка на албански наставен јазик во економското училиште Јовче Тесличков. Во првите два уписни рокови НИТУ ЕДЕН од оние кои аплицираа за место во смерот економски техничар не ги исполнуваше условите согласно распишаниот конкурс за упис. Во меѓувреме СИТЕ ученици кои имаа по 42,40,37,32 поени, преку ноќ од МОН ги направија да имаат по 75поени со што истите ученици ги исполнуваа условите пропишани во конкурсот… Како последица на тоа советниците од општината мораа во согласност со Законот за средно образование да ги примат учениците затоа што тоа е задолжително… Советот на Општина Велес не направи никаков прекршок, но како тоа оние со по 40 наеднаш имаа 75 поени треба да одговорат од МОН“, пишува Игор Здравковски.

На крајот од неговиот текст на фб, Здравкоски на Нухиу му упати и порака дека сила и башибозук може да си покажува кај мајка му и татко му во Слатина, а не во Велес, а веднаш по промената на власта, сите топтан ќе одговараат за сквернавење на образованието, како и за ширење на шовинизам и дискриминација!

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: