Историски изборен резултат во Чашка – за прв пат градоначалник Албанец

Историски пресврт во Општина Чашка — за прв пат од нејзиното формирање, градоначалничката функција ќе ја извршува Албанец. Според податоците од Државната изборна комисија, по обработени 100% од гласачките ливчиња, победник е Суат Шакиров од ДУИ, кој освои 50,71% или 2.322 гласа.

Зад него, со речиси двојно помал број гласови, се актуелниот градоначалник Горан Стојановски од СДСМ со 24,24% (1.110 гласа) и Дејан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ со 23,45% (1.074 гласа). Со оваа победа, Шакиров не само што обезбеди апсолутно мнозинство во првиот круг, туку и направи историски исчекор во мултиетничката општина, каде досега сите градоначалници биле Македонци.

Agria

Промени има и во составот на Советот на Општина Чашка. Најмногу гласови освои повторно ДУИ со 49,01% или 2.244 гласа, а зад неа се коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 30,49% (1.396 гласа) и СДСМ со 16,71% (765 гласа).

Со вакви резултати, ДУИ обезбедува мнозинство во Советот, што ќе му овозможи на новиот градоначалник стабилно владеење и спроведување на програмата без потреба од коалициски договори.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: