Избрани најуспешните велешани во 2020

Општина Велес ги награди највредните и најуспешните поединци од градот годинава. На скромна манифестација ги награди најталентираните ученици и студенти, највредните и најуспешните поединци за 2020 година.

Zito akcija 640x289px

Најуспешни млади екологисти се учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од село Долно Оризари, екологистите од собирниот центар од ООУ „Блаже Конески“ и најмладите екологисти од Детската градинка „Димче Мирчев“.

Agria
DSC_0165

За најдобри средношколци годинава се прогласени десет средношколци: Мартин Голчев, Вероника Гијовска, Кире Џунев, Ребека Манева, Сара Крстиќ, Јовица Димовски, Тамара Коцевска, Викторија Јовева, Роберто Андов и Наталија Купенкова.

За најуспешни студенти годинава се прогласени Изабела Апцева, Леонид Миланов, Бојана Кацарова, Љубенка Ордева, Ана Трајчева, Виолета Иванова, Драгана Кучукова, Виктор Игнов, Цветанка Ацева и Сандра Ташковска.

„Посакувам тоа што го постигнавте во 2020 година да Ви биде мотив и во 2021 година. Да биде мотив и за другите ваши врсници и тие да постигнуваат врвни резултати на секое поле“, им порача Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

DSC_0169

Наградата за најдобар комунален работник на Велес за 2020 година, Општина Велес му ја додели на Нафит Муртезани, вработен во ЈКП Дервен. Наградата ја доби за 18 години посветена професионалност во извршување на сите доверени задачи.

Наградата за најдобар пожарникар годинава ја доби Кире Диковски, пожарникар во Територијалната противпожарна единица, препознатлив како хуман и храбар професионалец, кој смело се справува со огнената стихија, спасувањето на човечки животи и имотот на граѓаните.

DSC_0048
Кире Диковски – најдобар пожарникар за 2020 година

За најуспешен полициски службеник за 2020 година е прогласен Стојанче Јовановски. Наградата ја доби за бескомпромисната борба со криминалот, професионализмот, посветеноста и одговорноста во извршување на работните задачи.

DSC_0051
Стојанче Јовановски најдобар полицаец за 2020 година

Со својата посветеност, професионалност и грижа за јавното здравје, годинава, во услови на пандемија, се истакна др. Бојан Тодоровски. Наградата му се додели за граѓанин заслужен за професионален и несебичен ангажман во Општинскиот кризен штаб за 2020 година.

DSC_0058
др. Бојан Тодоровски – награда за за професионален и несебичен ангажман во Општинскиот кризен штаб за 2020 година

Наградата за спортски успех, годинава му се додели на Фудбалскиот клуб „Борец 1919“ за постигнати високи клубски резултати во областа на фудбалот во 2020 година.

DSC_0063
Ангел Темелков – помошник тренер на ФК Борец, клубот кој ја доби наградата за постигнати високи клубски резултати во областа на фудбалот во 2020 година

За посебен придонес во развојот на филмската уметност, за препознатливост и афирмација на Велес во земјата и странство, Општина Велес повеќе од заслужено, му го додели признанието за најуспешен во областа на културата во 2020 на креативецот Данчо Стефков, независен продуцент и филмски монтажер.

DSC_0069
Данчо Стефков – најуспешен во областа на културата во 2020

Наградата за хуманист на годината, постхумно му е доделена на најголемиот од големите, хуманистот Ангел Ќиров. Во негово име наградата ја прими претседателката на ОО на Црвен крст Велес, Милица Ристовска Темелковска.

За сите волонтерски хуманитарни акции, за сите доблести кон сограѓаните, Општина Велес го награди и прогласи Филип Иванов за Филантроп за 2020 година.

DSC_0093
Филип Иванов – филантроп за 2020 година

Здружението на граѓани „Акцијаш- ветерани“ ја понесе наградата за најактивно волонтерско здружение за 2020 година.

Годинава наградата за најдобар административен службеник е прогласена Маријана Нешова, самостоен референт, книговодител. Наградата ја добива за 20 годишната посветеност во финансиското работење на Општина Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17182/olimpijada-2020-choveshtvoto-protiv-kovid-19/