Излетано возило кај Чичево, почина 21-годишно момче, тројца тешко повредени

policija svetla

Едно лице го загуби животот, а три други се здобиле со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 00:10 часот на локалниот пат меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево, во општина Градско. Според информациите од СВР Велес, патничко возило марка „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот П.А. од Градско, излетало од коловозот од засега непознати причини.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и тројцата сопатници: Љ.О. (21) и Б.П. (20), двајцата од Градско, како и Х.Л. (22) од село Ногаевци, општина Градско. Сите повредени се пренесени во Општата болница во Велес, каде за жал, било констатирано дека Љ.О. им подлегнал на повредите.

Agria

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес, која работи на целосно расчистување на случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: