Компанијата ФЕРОИНВЕСТ и фабриката БРАКО одбележуваат 20 години од своето постоење. По тој повод, беа доделени јубилејни часовници на вработените кои се дел од компанијата од нејзиното основања, како и на вработени кои се придружиле на тимот во следните години и имаат значајни постигнувања за фирмата.
Менаџментот лично ги додели пригодните подароци и им изрази благодарност на вработените, од кои дел се блиску до старосната граница за пензионирање и кои ги споделија своите сеќавања за почетокот на БРАКО во 2003 година и тешките услови во кои се создаваше денешниот македонски гигант во метало-преработувачката индустрија.
Мислењата на вработените денес се дека компанијата се движи во добра насока, пред се поради своите напредни идеи и воведување модерни машини и технологии.
Менаџментот се обврза дека во иднина уште повеќе ќе вложи во проширување на производните погони, во поголемо автоматизирање на процесите, подобрување на условите за работа на работниците во погоните каде се одвиваат најпредизвикувачките техничко-технолошки операции, подобрување на колективната исхрана преку воведување менза во самата фабрика итн.
БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ ја започнаа својата работа пред две децении со производство на жица и жичани производи, за денес групацијата да произведува електрични и водородни возила за одржување јавна хигиена, метални конструкции и автоматизација, медицински мебел и опрема, да предводи на слободниот пазар во снабдување со електрична енергија и да биде лидер во изградбата на електрани од обновливи извори – фотоволтаични, биогасни и мали хидроелектрани, како прва фирма која пред повеќе од една деценија ја почна енергетската транзиција во земјата.
Можеби ќе ве интересира: