Велешките културни инститиции добија проекти од Министерство за култура за 2024 година

teatar i ulica blagoj gjorev
teatar i ulica blj gjorev

Министерството за култура ги објави резултатите  од конкурсите за  финансирање на програмите од национален интерес за  оваа 2024- година. Еве што доби културата во градот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Велешкиот театар ќе биде финансиран за две претстави: „Остап Бендер“ (работен наслов) – автор Александар Секулов, режија Диана Добрева, со 1,200,000 денари, и „Рацин“ – поетска трагедија, автор Кочо Рацин, режија Дејан Пројковски со 1,010,000 денари. Интернационалнот фестивал на античка драма „СТОБИ“ ќе биде поддржан со 600 илјади денари.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Велешкиот Народен Музеј доби средства за четири проекти. Геоскенирање на археолошкиот локалитет Кале село Отвица доби 126,500 денари, изработка на конзерваториски проект на Нумизматичката збирка на ЛУ Народен музеј Велес 161,600, конверзација на предмети од керамика од античката збирка на ЛУ Народен музеј Велес“ 126,000 и  изложба на фотографии од дела на Крсте Зограф од Велес 84,000 денари. 

Локалната библиотека исто така доби четири проекти во вкупна вредност од 95 илјади денари. Ансамбалот „Керамичар“ за одбележување на 70 години од постоењето доби 180 илјади денари. Општина Велес за организација на 19 Интернационален фолклорен фестивал доби 296,400 денари, додека за организација на 61 Рацинови средби, Здружение на граѓани ПЛУС ПУБЛИКА Велес доби само 83 291 денар.

Министертвото за култура одвои 1,200,000.00 денари за заштита, конзервација, реставрација и санација на куќата на Апасиеви и 567 илјади денари за визуелен перформанс и музичка терапија на Споменкостурницата во Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: