Вечерва во салата „Бели Мугри“ со почеток од 19 часот ќе Концерт на класична музика „Музичко патување“ на TRIO DOLCЕ.
Триото го сочинуваат: Светлана Богданоска- Ристоски – флејта од Охрид, Андријана Дукоска – виолончело од Прилеп и Марија Шамоска- Буџаковски – пијано од Битола.
Содржината продолжива под рекламата
Тие успешно одржуваат концерти во многу градови низ земјава со поддршкa од Министерство за култура на Република Северна Македонија. Во нивниот изведувачки опус може да се најдат композиции од сите временски епохи. Вечерва на изведувачката програма се дела од Ј. Брамс, Л. Фаренк, Трајко Прокопиев и други.
Можеби ќе ве интересира: