Коронавирусот однесе уште два животи во Велес

Veleska bolnica 997x485
Veleska bolnica 997x485

Велешанец на 68-годишна возраст и жителка на село Виничани на истата возраст починаа од компликација од ковид-19 во велешката болница во последото деноноќие. Жената вчера попладне, а мажот утринава, велат од болницата.

Zito akcija 640x289px

„Починатата жена на 68 години од Виничани е примена претходниот ден во тешка состојба со ниска сатурација, а мажот од Велес исто на 68 години е примен пред три дена, со нагло влошена состојба“, рече др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Agria

Со новите двајца починати, од почетокто на пандемијата до денеска во Велес битката со коронавирусот ја загубија 40 велешани.

Во текот на вчерашниот ден во болницата е примена и транспортирана до клиниката „Жан Митрев“ жена на 62-годишна возраст, потврдена позитивна, која имала отежнато дишење и ниска сатурација.

Во велешката болница во моментов се хоспитализирани вкупно 65 пациенти, од кои 11 се сместени на одделението за физикална медицина. Од нив пет се сомнителни на коронавирус, а останатите се со потврден позитивен тест. 20 пациенти имаат потешки симптоми и се на кислородна поддршка. 

На интерно одделение се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на ковид-19. Во истиот период тројца пациенти се испишани од болница со еден негативен тест и се третираат како оздравени.

Во моментов во Велес има 678 активни случаи на ковид-19. Од почетокот на пандемијата се заразија 1188 велешани, а вирусот го прележаа 472 пациенти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: