Велешката полиција поднесе кривична пријава против две лица од Велес, дилери на дрога.
Содржината продолжува под рекламата
„СВР Велес поднесе кривична пријава против М.И.(44) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Т.П.(48) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“, информираа од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Имено М.И. набавил хероин со цел понатамошна продажба на корисници, а на 22.05.2022 во Велес, од полициски службеници пријавените се затекнати при купопродажба на дрога, а при извршен преглед во возилото на Т.П. пронајден е и одземен хероин.
Можеби ќе ве интересира: