Лицето кое беше пронајдено мртво во напуштен објект на Клепа во Градско е 31 годишен велешанец

Napusten objekt Klepa
Napusten objekt Klepa

Велешанец на возраст од 31 година е починатото лице кое беше пронајдено во стар и напуштен објект на врвот Клепа, јужно од Велес, кај Градско пред четири недели, објави Фокус.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Како што информираше СВР Велес минатиот месец, на 19-ти декември во полицијата било пријавено дека во стар објект на Клепа било пронајдено починато машко лице. Телото било предадено на обдукција, бил извршен увид од екипа на СВР Велес, а за случајот бил известен и Јавен обвинител.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Неофицијално, на телото на младиот човек немало траги на насилство, а бил идентификуван од страна на член на семејството. Исто така, не станува збор за лице кое се водело како исчезнато.

Извор: https://fokus.mk/identifikuvan-e-mladiot-chovek-koj-beshe-pronajden-mrtov-vo-napushten-objekt-na-klepa-vo-gradsko/

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: