Маја Хеско избрана за нова претседателка на ОО СДСМ Велес

Маја Хеско е новата претседателка на Општинската организација на СДСМ во Велес. Таа стапува на функцијата на местото на досегашниот претседател Јане Стојанов, кој ја извршуваше оваа должност осум месеци.

Хеско е долгогодишен член на СДСМ, активна во партијата од самото нејзино формирање. Во текот на изминатите децении таа извршувала бројни партиски и јавни функции, меѓу кои: член на Извршен одбор во неколку мандати, советник во Советот на Општина Велес, кандидат за пратеник на листата во ИЕ-3, претседател на месен одбор и активен член на Форумот на жени на ОО СДСМ Велес.

Agria

По професија е дипломиран социолог и професор по социологија и граѓанско образование во ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес.

„Животот во општество во кое сè уште владеат стереотипи околу местото на жените во институциите на одлучување и раководење со државата ме мотивираше да ја прифатам функцијата претседател на ОО СДСМ Велес. Како жена, социолог и просветен работник, со долгогодишно раководно искуство како директор на училиштето во кое работев, ќе се борам за постигнување на родова еднаквост во сите полиња на нашето живеење. Жените се храбри, силни, одговорни и посветени и можат да одговорат на сите поставени задачи, но мора да бидат охрабрени, добро организирани и да добијат фер шанса. Женските права се човекови права“, изјави Хеско.

Пред Хеско претстои огромна работа за враќање на членството и довербата, откако СДСМ во Велес во последните неколку изборни циклуси се соочи со значителен пад на рејтингот на локално ниво.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: