Македонската ревија „Стрип креатор“ меѓу најдобрите светски стрип изданија

Ревијата „СТРИП КРЕАТОР бр 38 -издание на Македонскиот стрип центар Велес а финансирано од страна на Министерството за култура и туризам на Македонија , е едно од седум списанија кои ќе бидат претставени на овогодинешниот фестивал Supertoon во Шибеник, Хрватска . Тие се избрани во конкуренција на 21 пристигнати стрип списанија од разни држави од Европа и пошироко., по претходно објавен повик. Во потесна категорија се уште и изданијата : OHOHOzine ,СТРИП ПРЕФИКС и ИРАЦИОНАЛИСТ (Хрватска) РАС КОМИК Србија, ВИНТАРТ и ВИРЏИНА    (Црна Гора).

Како што информира Томе Трајков , програмски координатор на Стрип центарот , овој фестивал е специфичен бидејки е насочен кон стрип изданијата.Освен во категоријата на стрип списанија, беше објавен и јавен повик за стрип книги и стрип фанзини, И овде конкурираа голем број на пријавени изданијаод разни земји.

Agria

Со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија, Томе Трајков ќе присуствува на истиот фестивал , кој ќе се одржи од 21.07.до 25.07 . На овој фестивал ќе се прогласат најдобрите стрип изданија по објавениот повик ,промоции , продажна берза и др .

Трајков ќе организира панел промоција на македонската стрип сцена , а не помалку важни се и неформалните стрип контакти со другите гости на овој фестивал.

Како што наведува тој, со ова се отвора уште еден пат за меѓународна стрип комуникација, овојпат за македонските стрип издавачи. Истите ,во идната година, треба да бидат доста побројни на овој фестивал,, завршува Трајков.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: