
Нови 758 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, 26 се во Велес, каде што има и 51 оздравен пациент. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес според Министерството за здравство нема починат пациент како последица од Ковид-19.
Состојбата по градови е следна:
Скопје 324-Куманово 43-Штип 22-Прилеп 46-Тетово 21-Струга 27-Велес 26-Битола 23-Охрид 28-Кавадарци 36-Гостивар 32-Гевгелија 17-Струмица 26-Крива Паланка 3-Радовиш 5-Кочани 19-Пробиштип 1-Пехчево 2-Берово 2-Валандово 8-Виница 2-Делчево 8-Кратово 4-Свети Николе 6-Кичево 14-Ресен 2-Неготино 11.
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти од:-Скопје 270-Куманово 51-Дебар 24-Штип 25-Прилеп 69-Тетово 36-Струга 43-Велес 51-Битола 53-Охрид 46-Кавадарци 53-Гостивар 44-Гевгелија 30-Струмица 20-Крива Паланка 6-Радовиш 12-Кочани 19-Пробиштип 7-Демир Хисар 1-Пехчево 2-Берово 8-Валандово 6-Кратово 3-Свети Николе 15-Кичево 19-Ресен 13 -Неготино 18.
Досега во нашата земја се направени вкупно 383.769 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751.
Можеби ќе ве интересира:
