Манолева: Велешката болница инвестираше во нова опрема

Велешката болница во изминатите пет години инвестираше во нова опрема и кадар, како и во подобрување на инфраструктурата. За овие неколку години, се набавија фибер ендоскоп, апарат за анестезија, рентген апарат, видео колоноскоп, ултразвучен колор доплер апарат за кардиолошки прегледи, како и ултразвучен ехо апарат, колор доплер апарат за гинекологија и обстетриција, рече заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева откако вчера беше во посета на Општата болница Велес.

Zito akcija 640x289px

Заменик министерката за здраство имаше средба со првиот човек болницата Зоран Арсовски, и информираше дека покрај обезбедувањето на опрема, кабинетот за компјутерска томографија започнал со континуирана работа, каде што има максимален број на прегледи со 24 часовна покриеност од докторите од Скопје.

Agria

„Тука, за првпат се воведе нова методија на одделот за ортопедија каде успешно се изведуваат ендопротетски операции. Како што ме информираше директорот, во план е воведување на очно одделение за операција на катаракта со ФАКО метода, како и отворање на ургентна единица каде ќе се згрижуваат сите пациенти на место, изјави Манолева.

Таа додаде дека се реализирани 63 вработувања на неопределено време со што се унапредиле условите за третман на пациентите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: