Марко Колев ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес, Киро Нацков за Градско

ВМРО-ДПМНЕ го потврди Марко Колев како свој кандидат за градоначалник на Велес на претстојните локални избори. Името на Колев се најде на листата од 25 кандидати што ги усвои Извршниот комитет на партијата.

На листата се и други актуелни и нови имиња за неколку општини низ земјата. За Градско е избран актуелниот градоначалник Киро Нацков, за скопската општина Аеродром е избран Дејан Митески, за Бутел Дарко Костовски, за Ѓорче Петров Александар Стојкоски, а за Чучер Сандево Зоран Бајовски.

Agria

Во источниот регион, ВМРО-ДПМНЕ ги кандидира Иван Јорданов за Штип, Дејан Владев за Свети Николе, Виктор Паунов за Карбинци и Иван Гоцевски за Делчево. Кандидат за Кавадарци ќе биде Митко Јанчев, за Гевгелија Андон Сарамандов, за Зелениково Коста Маневски, а за Илинден Александар Ѓоргиевски. Во Конче ќе се трка Златко Ристов, во Ново Село Ѓорге Божинов, а во Василево Славе Андонов.

Дополнително, Ристо Манчев е предложен за Босилово, Петар Ружински за Берово, Борче Митевски за Петровец, Тони Коњановски за Битола, Кирил Пецаков за Охрид, Спасе Кочовски за Вевчани, Јовица Илиевски за Брвеница и Димитар Костадиновски за Јегуновце.

Партијата сè уште нема донесено конечна одлука за кандидат за градоначалник на Град Скопје. Според неофицијалните информации, како можни имиња се споменуваат актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: