Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож пренесено на клиника во Скопје

Kavadarci dron 997x485

Според изјавите од Итната медицинска помош во Кавадарци, едно момче од градот со две убодни рани од нож е пренесено на клиника во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Момчето било затекнато на улица со две убодни рани во седечка положба и во свесна состојба. По укажаната прва помош, тоа било било пренесено во Болницата во Кавадарци.

Agria

Според зборовите на д-р Благој  Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница, ноќеска после полноќ било донесено момче родено 1994 година.

„Момчето имаше две убодни  рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на Клиниката за торакална хирургија во Скопје“, изјавил Митев.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15277/vnukata-kontra-veleshkata-bolnicza-laga-e-deka-mojot-dedo-pochina-od-kovid-19/