Моторџијата кој синоќа се повреди кај семафорите удрил во тротоарот и паднал

Soobrakajka semafori
Soobrakajka semafori

24-годишниот моторџија бил единствениот уесник во сообраќајната несреќа, која синоќа околу 23 часот се случи кај семафорите во Велес. Од увидот, полицијата констатирала дека момчето со моторот удрило во тротоарот и паднало.

Zito akcija 640x289px

„На 04.10.2020 во 23.00 часот било пријавено дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес, А.С.(24) од Велес, управувајќи мотоцикл „баотиан“ со велешки регистарски ознаки, удрил во бетонски рабник и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria

Откако бил примен во велешката болница, било констатирано дека повредите му се од полесен карактер.

„Момчето има скршаница на коски на носот и површни повреди на лице и глава“, рече др. Весна николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Во текот на вчерашниот ден во Велес се случија три сообраќајни несреќи, од кои, во две учествуваа моторџии. И покрај засилените полициски контроли на сообраќајот, речиси да нема ден, а да не се случи сообраќајна несреќа во Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: