Мовембер Велес, неформално е формирано во 2013-та година од група на млади ентузијасти.
Обидот на основачите на ова движење и неговите членови и поддржувачи е да се пренесе пораката, пред се на младата машка популација за важноста на грижата за т.н машки болести.
Главна мисија на здружението е да се зголеми свесноста за здравствените ризици со кои се соочува машката популација, како и значењето од редовните прегледи и контроли се со цел намалување на ризиците и превенција од појава на истите.
Покрај сето ова, движењето има и своја хуманитарна димензија, односно секоја година преку продажба на тематски маици, шолји, беџови и сл. се собираат средства кои подоцна се донираат на наш(и) сограѓанин кој има потреба од истите.
Ни преставува особено задоволство што можеме да објавиме дека средствата собрани во изминатата, јубилејна 10-та година, ги наменивме за набавка на инструмент кој го дониравме на ЈЗУ Општа Болница Велес- Оддел за урологија. Станува збор за Уретротом, хируршки нож за ендоскопско отворање на уретрата, кој се користи кај блокади и стеснување на истата.
Со набавката на овој инструмент во болницата ќе бидат овозможени интервенции од овој тип.
Притоа тие би сакале да ја искажеме огромна благодарност до сите добронамерни компании, институции и поединци кој низ годините ни помагале во остварувањето на нашата мисија.
Од Мобембер велат дека ова им дава дополнителна волја за секоја година да се трудат да ја пренесат пораката се погласно и на поголем број на луѓе.
Можеби ќе ве интересира: