
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 602 прекршоци.
Од полицијата апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 80407, бројката на оздравени пациенти е 57434, на починати е 2375, а бројот на активни случаи изнесува 20598.
Можеби ќе ве интересира:
