На влез во Велес уапсена група која превезувала два килограми марихуана

Marihuana kesi
Marihuana kesi

На 26.07.2023 во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода
Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46)
од село Богомила, општина Чашка.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сценик“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица. Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана“, информира Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: