Засега се уште неидентификуван маж нападнал 38-годишна велешанка и се обидел да ја силува. Жената се враќала од работа завчеравечер околу 23 часот, кога во близина на „ДОЗ“ мажот ја нападнал и се обидел да изврши обљуба. Присебноста на жената ја спасила, па таа успеала да се одслободи од него и да повика полиција.
„На 18.01.2021 год. во СВР Велес Н.Р.(38) од Велес пријавила дека, околу 23.00 часот кога се враќала од работа на ул.„Димитар Влахов“, кај „ДОЗ“, непознат маж ја нападнал од зад грб. Прво ја фатил за половината, а потоа ја стиснал силно за задникот и меѓу нозете. Таа се ослободила од него и се јавила во полиција, по што, напаѓачот побегнал“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Велешката полиција трага по напаѓачот.
Можеби ќе ве интересира: