Наставничка од велешкото училиште „Васил Главинов“ позитивна на коронавирус

Наставничка од одделенска настава во велешкото основно училиште „Васил Главинов“ е позитивна на коронавирус. Таа е дел од шестемина новозаразени велешани од неделата.

Zito akcija 640x289px

Од Центарот за јавно здравје велат дека според епидемиолошката анкета, наставничката најверојатно се заразила во странство, каде што била на патување. Поради овој случај, осум други наставници од училиштето кои имале контакти со заразената, се ставени во изолација.

Agria

Во Велес досега се регистрирани 259 заразени со коронавирус. Од нив, 212 се излечени, а се уште се активни 33 случаи. Досега 14 велешани ја загубија битката со коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10821/svr-veles-kazni-41-graganin-za-nenosene-maska/