Нови вмрежувања за македонската стрип сцена

Makedonski strip vo Leskovac

Стрип центарот на Македонија- Велес продолжува со отварањето врати за македонските стрип автори кон нивна промоција надвор од државата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Како што не извести Томе Трајков –програм координатор на македонскиот стрип центар , оваа базична  организација на 9 уметност кај нас веќе се вклучена во: Европскиот форум на илустратори (асоцијативно членство) како и во мрежата CAN for BALKANS –(Comics Alliance Networking for Balkans) заедно со партнери од :Романија, Србија , Албанија , Белгија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Мегутоа , веќе од почетокот на оваа недела , преку свој претставник (младата Ангела Петрушевска од Скопје) СЦМ зеде учество во проектот ECHO академија на стрип уметници.Проектот е имплементиран од страна на INTER ALIA, Грција заедно со : ФОНДАЦИЈА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО од Бугарија, СФЕРА ИНТЕРНАЦИОНАЛ од Македонија. PRO PROGRESSIONE,Унгарија и CUMEDIAE, Белгија .Проектот е кофинансиран од страна на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА на Европската Унија.

Имено, млади стрип автори од Грција, Бугарија, Србија, Холандија , Ирска  ќе престојуваат на оваа стрип академија во Атина во период од 3 недели и ќе создаваат: уметничко дело инспирирано од куклен театар на сенки „Карагоз“. Избраните уметници ќе создадат оригинални стрип-уметнички дела (2-5 страници по стрип уметник) кои ќе бидат објавени во колективен издание  од издавачот  Jemma Press од Грција и план за пилот проект дизајниран да се спроведе во нивната матична земја во соработка со Интер Алија и локалната матична организација.

Томе Трајков додаца дека придобивки за ангажираните стрип уметници се: Развој на портфолио,Развој на капацитети,Вмрежување, меѓународна соработка и видливост,Менторство и индивидуални консултации како и консултации за пазарност

Додека пак придобивки за матичните организации се: Развој на капацитетите .вмрежување, меѓународна соработка и видливост. На крај , Томе Трајков ја нагласува позитивната комуникација со носителите на проектот од Грција на коишто ,како што потенцира , не ја применувале додавката „Северна“ во името на нашата татковина. Впрочем секоја вистинска соработка се базира на почит кон државата (заедно со историја и јазик ), почит  кон организацијата како и почит кон целокупната македонска стрип сцена.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39027/osumdeset-godini-od-smrtta-na-kocho-raczin/