Од ковид-19 почина 47-годишен невакциниран велешанец

Infektivno Veles 997x485
Infektivno Veles 997x485

Велешанец на 47-годишна возраст почина попладнево од ковид-19 на инфективното одделение во велешката болница. Тој претходно четири дена бил хоспитализиран како позитивен на коронавирус. Починатиот не бил вакциниран. Ова е втор смртен случај во велешката болчница во последните два дена. Вчера таму почина 83-годишна жена од Свети Николе.

Zito akcija 640x289px

На инфективно одделение во болницата во Велес вкупно се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 16 се потврдени позитивни и четворица се сомнителни на вирусот. На кислородна поддршка се 9 пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Вчера во Велес беа регистрирани нови 13 случаи со ковид-19, а во моментов во овој град има 78 активни случаи на ковид-19. Денеска починатиот велешанец е 180 жртва на ковид-19 во Велес. Од почетокто на пандемијата во Велес се заразија 5564 граѓани, а од нив 5307 се излекувани.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: