Петнаесеттото издание на најмасовниот регионален стрип настан се одржи во сабота, 23 ноември 2024 година.
На тој ден , точно на пладне се зададе и темата за овогодинешниот настан а тоа беше СОН- СОНУВАЊЕ“.
Пријавени беа 123 , претежно млади стрип автори, од следниве градови :Загреб, Сплит, Осијек , Ријека, Госпиќ, Херцег Нови, Љубљана. Вараждин, Бар, Сомбор Марибор и се разбира Македонија.
Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центар на Македонија уште еднаш го изразува неговото задоволство дека соработниците и пријатели од Хрватска бргу ја прифатиле неговата ланска иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори во оваа стрип акција.
Следат нови мегународни стрип настани, конкурси и фестивали кадешто македонската стрип сцена достојно ќе се претстави-нагласува Трајков.