ОЈО Велес отвори истрага за убиствo во Богомила

Osnoven sud Veles
Osnoven sud Veles

Основното јавно обвинителство Велес отвори истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за убиство. Како што информираат од Јавното обвинителство, тој се товари дека убиството го сторил со умисла, а жртва е 60-годишен маж, кој починал од повредите што му ги нанел осомничениот.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал“, стои во соопштението од Обвинителството.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.​

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: