Советот на Општина Чашка обезбеди 1 милион денари од буџетот, со кои ќе набави таблети за двете основни училишта на својата територија „Лирија“ и „Тодор Јанев“. Таблетите се наменети за ученици од социјално ранливите категории и кои не се можност да ги набават.
„По доставената информација од страна на централните општински училишта за бројот на ученици кои потекнуваат од семејства со социјален ризик, а немаат можност да следат онлајн настава, Советот на Општина Чашка на својата 46-та седница донесе одлука 1.000.000 денари од општинскиот буџет да бидат употребени за набавка на таблети, кои ќе им бидат доделени на ООУ ,,Лирија” и ООУ ,,Тодор Јанев”, наменети за ученици од социјално ранливи семејства“, рече Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка.
Можеби ќе ве интересира: