Со едно минутно молчење за жртвите од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, започна денешната вонредна седница на Советот на Општина Велес.
Содржината продолжува под рекламата
На неа беше изгласана одлуката за доделување на финансиска помош за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија од Буџетот на општината Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Од буџетот на Општината ќе бидат донирани 450.000 денари за Република Турција и Република Сирија, како скромен придонес во санирање на последиците од елементарна непогода, соопшти градоначалникот на Велес, Марко Колев.
Можеби ќе ве интересира: