Оркестарот на традициски инструменти од ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес победи на интернационалниот натпревар, “Angel Voice” кој минатиот викенд се одржа во Белград. Оркестарот под раководство на нивниот професор м-р Трајче Малинов освои вкупно 100 поени и ја понесе наградата „Лауреат на натпреварот“.
„Во саботата вечер имавме концерт. Пред воодушевената публика беше презентиран македонскиот фолклор. Во неделата беше презентирана мојата книгата ‘Ало Тончов – Бардот на велешката чалгија‘. Белградската публика беше воодушевена од звуците на чалгиската музика и моето исцрпно излагање, што беше испратено со громогласен аплауз и овации“, рече професор Малинов.
Содржината продолжува под рекламите
Оркестарот на традициски инструменти при ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес постои неколку години, под раководство на професор Малинов, период во кој бележи одлични резултати и концерти.
Можеби ќе ве интересира: