Основниот суд во Велес доби в.д претседател

sudot veles sud
sudot veles sud

Судскиот совет на денешната седница ги определи Билјана Јачева за вршител на должноста претседател на Основниот суд Велес, Елизабета Петковска за в.д. претседател на Основниот суд Кавадарци и Изет Бајрамовски за в.д претседател на Основниот суд Струга, пренесува слободен печат.мк

Zito akcija 640x289px

Претседателот на Советот, Сашко Георгиев на почетокот на 470. седница, посочи дека определувањето на в.д. е потребно поради пензионирање на претседателот на ОС Велес, како и тоа што на претседателите на ОС Кавадарци и ОС Струга им истекува мандатот на 30 декември годинава.

Agria

Судскиот совет претходно, утврди престанок на судиската функција на судијката Љубица Цветковска Стојановска од ОС Крива Паланка, судијката Снежана Ивановска од Основниот граѓански суд Скопје, судијката Васка Петрова од Апелациониот суд Штип и судијката Лидија Димова од ОС Велес, поради исполнети услови за старосна пензија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: