Осум велешани меѓу новозарените со ковид-19 во последните 24 часа, што е највисок број заразени за едно деноноќие во последните два месеци во Велес. Во моментов, во Велес има 29 активни случаи со ковид-19. Бројот на заразени во земјава расте. Денеска се регистрирани нови 639 позитивни случаи, откако се направени 5.390 тестови.
Текстот продолжува под огласот
Најмногу заразени се регистрирани во Скопје – 218, а по него следува Тетово со 113 и Гостивар со 99 нови позитивни случаи на коид-19. Во Струмица има 37 случаи, Куманово 34, Кичево 32, Битола 17, Струга 16, Дебар 9, Велес и Охрид по 8, Прилеп, Кавадарци и Берово по 6, Штип, Македонски Брод и Ресен по 5, Валандово 4, Кочани 3, Радовиш и Делчево по 2 и Неготино, Виница и Демир Капија по еден нов случај.
Текстот продолжува под рекламата
Регистрирани се и шест починати, од кои по двајца од Скопје на 75 и 76 годишна возраст и двајца од Тетово на 53 и 77 годишна возраст и по еден во Битола на 79 годишна возраст и еден пациент од Гостивар на 58 годишна возраст. Во истиот период се регистрирани и 22 оздравени пациенти. Лекарите предупредуваат дека броките на новозаразени растат поради групирањето на грѓаните, пред се, на свадби, журки, но и на патувањата во странство поради летните одмори.
Текстот продолжува под рекламата
Паралелно со зголемувањето на бројот на заразени, се зголемува и интересот на граѓаните за вакцинација. Во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 16.020 граѓани. Од нив, прва доза вакцина примиле 8.914 граѓани. Досега вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани.
Можеби ќе ве интересира: