Според извештајот на министерството за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот, a во моментов бројката на активни велешани кои што се заразени со коронавирусот изнесува 12.
Во ковид центарот на велешката болница денес има хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од ковид-19.
“Во ковид центарот на инфективното одделение во велешката болница хоспитализирани се пет пациенти, од кои тројца се со потврден позитивн тест на ковид-19, додека двајцас се непотврдени. На кислородна поддршка се двајца пациенти” соопштија од велешката болница.
Инаку секојдневно се зголемуваат бројките на заразени во Македонија. Денес беа регистрирани 143 нови случаи на ковид-19, со што бројот на активни случаи се искачи на 2099.
Можеби ќе ве интересира: