Петарда предизвика пожар во рекреативен дом во Богомила

Selo Bogomila

Петарда фрлена низ отворен прозор запали соба во рекреативен дом во селото Богомила, при што, за среќа, нема повредени лица. Огнот бил забележан навреме и изгаснат од гостите, пред да се прошири и предизвика поголема штета.

Според информациите од СВР Велес, инцидентот се случил вечерта на 8 август, околу 22 часот. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на полицијата.

Agria

Во тек е истрага за откривање на сторителот и утврдување на мотивите за овој опасен чин, кој можел да има сериозни последици.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: