По една година пауза, фолклорниот фестивал се враќа во Велес

По една година пауза поради пандемијата од ковид-19, на сцената на амфитеатарот во Младински парк се враќа фолклорот. Велес повторно ќе биде домаќин на фолклорни ансамбли од земјава и странство. Свеченото отворање на 17. издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021 е закажано во четврток, на 26 август 2021 година на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, со почеток во 20:00 часот.

Текстот продолжува под огласот

На фестивалот ќе учествуваат фолклорни ансамбли од Врање, Србија и од Ќустендил, Бугарија како и фолклорните друштва и танцови групи од Велес, Битола и Кочани. Фестивалот претходно ќе го најави традиционалното дефиле на учесниците низ улиците во градот, кое ќе започне во 18:00 часот.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Оваа година Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021 ќе има две фестивалски вечери, ќе заврши во петок на 27 август 2021 година. Од Општина Велес пред почетокот на фестивалот најавија прес конференција, на која ќе бидат изнесени детални информации за оваа традиционална манифестација.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: