Во соработка со Агенцијата за филм, Општина Велес деновиве работи на подготовка на проекции на филмови во кино салата „Бели Мугри“. Градоначалникот Аце Коцевски на прес конфернеција ја информираше јавноста дека од Агенцијата за филм на располагање ќе бидат ставени голем број филмови од македонската филмска продукција.
„На располагање ќе ни бидат ставени голем број филмови од македонската филмска продукција. Се надевам дека во скоро време ќе ни ги стават филмовите на располагање“, рече Коцевски.
Содржината продолжува под рекламата
Во наредниот период планирани се по две филмски проекции трипати во неделата. Кино проекциите ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за кино проекции. Сите што сакаат да ги следат проекциите ќе треба да покажат сертификат дека се вакцинирани или дека прележале Ковид во изминатиот период.
Можеби ќе ве интересира: