Полесно е повреден возач од Велес кога утрово околу 09:00 часот во центарот на градот, пред поранешното кино, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобил и товарно комбе. Според очевидци, едно од возилата се обидело да заобиколи велосипед кој се движел по патот, по што дошло до директен судир.
Возачот се здобил со полесна повреда на главата откако удрил во ветробранското стакло. Откако му била пружена прва медицинска помош, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен на хируршкото одделение во велешката болница.
Полицијата врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот во овој дел од градот два часа се одвиваше отежнато поради полицискиот увид.