Полицијата го фати убиецот на Ѓошев

SVR Veles policija

Министерството за внатрешни работи информира дека го лишило од слобода Д.Ц. (43) од Велес и до обвинителството поднело кривична пријава за соизвршителство во убиството, казниво по член 123 став 1 од Кривичниот законик.

МВР потврдува дека на 5 ноември осомничениот Д.Ц., заедно со другото лице кое сè уште се бара, го намамил и однел Ѓ.Ѓ. на локацијата Поројница. Таму двајцата пукале во него со огнено оружје, при што жртвата се здобила со смртоносна прострелна рана во черепот.

Agria

Според полицијата, Д.Ц. и претходно бил правосилно осудуван за разбојништво, а доказите укажуваат дека по ликвидацијата во Чашка се обидел да ја сокрие трагот и да ја попречи истрагата. МВР, во координација со јавниот обвинител, продолжува со интензивни активности за пронаоѓање на вториот соизвршител и утврдување на мотивите за тешкото кривично дело.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: