Полицијата ја уапси жената која ограби починат човек во Велес

Полицијата ја уапси жената, која вчераутро го ограби 54-годишниот велешанец, веднаш откако му се слошило, паднал и починал. Се работи за 32-годишна жителка на Велес, која, иако била во непосредна близина кога човекот почнал да губи свест, наместо да му помогне, му го одзела паричникот и си заминала.

Zito akcija 640x289px

“На 01.03.2024 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Р.С.(32) од Велес. Таа се сомничи дека од лицето Т.Ѓ.(54) од Велес одзела пари. Имено, според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите. Таа е задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава”, велат до СВР Велес.

Agria

Велешанецот Т.Ѓ., вчера околу 10 часот почина, откако движејќи се кај дуќаните на Нов ност во Велес, му се слошило. Јавен обвинител даде наредба за обдукција на телото, за да се утврди точната причина за смртта.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: