Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 17.00 часот спроведоа акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Содржината продолжува под рекламата
„Санкционирани се 100 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Од МВР, информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Moжеби ќе ве интересира: