На 10.11.2024 во 12.00 часот во атар на село Мелница, општина Чашка, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при СВР Велес ги лишиле од
слобода Е.М.(50), Е.М.(57) и Е.Ф.(55), сите од село Мелница.
Полициските службеници, во соработка со Шумска полиција Велес, запреле и извршиле контрола на трактор „имт“ со приколка, кој го управувал Е.М.(50), а другите двајца биле со него, при што било констатирано дека превезуваат огревни дрва без документација.
Дрвата, тракторот и моторна пила биле одземени и предадени на шумска полиција. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.