Полицијата фати уште еден велешанец кој возел пребрзо кај месноста Шорка. Рано утрово, на 16 ноември околу 06:45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.М. (40) од Велес.
При радарска контрола на улицата „Вардарска“, службениците утврдиле дека тој управувал „Форд Галакси“ со велешки регистарски таблички со брзина од 94 километри на час — во зона каде што максимално дозволената брзина е само 40 километри на час.
Од СВР Велес информираат дека против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава за тешко прекршување на правилата во сообраќајот.

















