Во два одвоени случаи, велешката пронајде вкупно шесt мигранти. Пет лица од Сирија биле затекнати на улица „Александар Македонски“ во Градско, додека едно лице од Авганистан е затекнато на Железничката станица во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
„На 03.03.2024 во 19.30 часот на ул.„Александар Македонски“ во Градско, полициски службеници од СВР Велес пронашле пет лица мигранти од Сирија“.
Содржината продолжува под рекламата
„На 03.03.2024 во 04.39 часот на Железничката станица во Велес, полициски службеници од
СВР Велес пронашле едно лице мигрант од Авганистан“ соопштија од СВР Велес.
Мигрантите биле предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.
Можеби ќе ве интересира: