Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата осомничени соизвршители, во периодот од март до септември годинава, во атарот на велешкото село Карабуниште неовластено произведувале марихуана. Засадиле 100 семки канабис на нива во месноста викана Пчиња, од кои изникнале 80 растенија кои ги одгледувале и ги наводнувале.

Agria

На 27 септември осомничените биле затекнати од полициски службеници додека собирале цвет од канабис. На лице место биле пронајдени машини за одвојување на цветот од стеблото, 3 пластични кофи со вкупно над 4 килограми марихуана и повеќе вреќи со стебла од канабис.

За истото кривично дело и Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице, кое неовластено произведувало и држело за продажба наркотична дрога – марихуана.

Во дворот на осомничениот на улицата “Кадињача” во Скопје полицијата пронашла две растенија канабис кои ги одгледувал, а од домот биле одземени и 38 паковки со вкупно околу 30 грама марихуана и една дигитална вага со траги од канабис и кокаин.

Јавните обвинители до надлежните судови доставија предлози за определување мерка притвор за сите тројца осомничени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: