Поставени видео панели на три влеза во Кавадарци

Општина Кавадрци денес ги стави во функција видео панелите на првиот од вкупно трите портали на влезовите во градот. Во функција е портата на регионалниот пат Кавадарци – Неготино.

Според проектот на Општина Кавадарци, на видео екраните ќе се испишуваат сервисни информации од корист на возачите, а ќе бидат управувани и уредувани делечински, од контролната соба на повикувачкиот центар во општинската зграда.

Agria

Се работи за метална конструкција со широчина од 11 метри во основата и 10 метри во горниот дел, кој е висок 5 метри. На горниот дел од двете страни се поставени видео панели долги осум, а високи еден метар.

Втората „порта“ е монтирана на локација под поранешен „Југокомерц“ на влезот од правецот на Прилеп. Третата порта е на локацијата кај „Велком трејд“ на регионалниот пат Кавадарци-Росоман.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: