Потпишан меморандум помеѓу велеѓкиот театар и Црногорското народно позориште (ЦНП) од Подгорица.
Меморандумот беше потпишан од двајцата директори на театарот Жарко Спасовски и Илија Суботиќ. Директорот на црногорскиот театар рече дека идната соработка со театарот од Велес претставува заложба на ЦНП да учествува во процесите на зајакнување на регионалната културна сцена, со цел да ја направи уште подинамична и поотворена за нови иницијативи во однос на потребите и очекувањата на современата публика, создавајќи услови да искусат различни уметнички пристапи и креативност.
Спасовски вели дека е уверен дека создаваат добро за двата театри, ќе создаваат големи претстави со кој ќе имаат успеси во регионот и во Европа.
„Спојуваме две култури, две држави кои порано биле во заедница, но врските не се раскинале. Идејата е договор помеѓу две театарски куќи, размена на режисери, на актери, гостувања на фестивали. Уверен сум дека создаваме добро за двата театри, ќе создаваме големи претстави со кој ќе имаме успеси во регионот и во Европа“, изјави Спасовски.
На крајот од средбата господинот Илија Суботиќ им честиташе на директорот Жарко Спасовски и на вработените за наградите и забележителните гостувања што Театарот од Велес ги постигна во регионот од почетокот на сезоната, учествувајќи, меѓу другото, на Меѓународниот театарски фестивал МЕСС во Сараево, Фестивалот на меѓународниот Алтернативниот театар ФИАТ во Подгорица и Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ со претставите „Едвард II“, во режија на Андриј Жолдак и „Нема струја за електричниот стол“, во режија на Дејан Пројковски.